Лишени од слобода 14 возачи за „безобѕирно управување возило“, 12 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода 14 возачи и со еден извршија службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
- Од нив 12 управувале возило без положен возачки испит и тоа: О.У.(30), А.С.(29), С.Р.(36), Р.С.(35), Г.Б.(45), 21-годишната Е.Ш. и 17-годишник, двајцата од с.Студеничани, скопско, С.Х.(28) од с.Лавце, тетовско, Ј.Л.(44) од Струга, И.Д.(49) од с.Клечовце, кумановско и 14-годишник од с.Дебреште, општина Долнени, кое се лишени од слобода. Додека пак, полициски службеници извршиле службен разговор со 16-годишник од тетовско, во присуство на родител, поради тоа што управувал патничко возило без возачка дозвола. Со активна мерка забрана за управување на возило возеле А.П.(23) од Скопје и С.М.(28) од Делчево. Додека, пак, под дејство на алкохол возел Б.М.(32) од с.Мршевци, скопско - соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ поднесува кривични пријави за Алта Банка
-

ДУИ најавува тужби ако ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ во рок од 24 часа не се извинат
-

ВРЕДИ: Функционери на ДУИ директно соработувале со српските центри за моќ
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК Искра Хаџи Василева даде свечена заклетва
-

Нов тренинг центар за безбедна храна во светиниколско Амзабегово
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Опозицијата точно знаела кој е Давор Мацура
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
