-->
-->
Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украденото ќе биде вратено на сопственикот, следува пријава
-->

Полициски службеници вчера уапсиле двајца крадци во Стар Дојран откако одзеле пари од маркет - соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 17:15 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија ги лишија од слобода Х.М.(21) и 17-годишен малолетник од Скопје. Тие истиот ден од каса на маркет во Стар Дојран одзеле пари, кои се пронајдени кај нив и одземени. Известени се јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и Центарот за социјални работи Гевгелија - се наведува во соопштението од Министерството.
Од МВР најавуваат дека по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Политички препукувања за скандалот со водата за пиење во Гостивар
-

Претседателката на Индија Мурму во посета на Македонија
-

Силно невреме го погоди Делчево
-

Тензии поради Законот за високо образование
-

Од денеска поскапи горива
-

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
-

АХВ ги проширува активностите земени се дополнителни мостри од градинки, јавни установи и угостителски објекти во Гостивар
-

Водичите треба да се прилагодат на модерните трендови
