Loading Video...
Фудбал
23. December 2021 - 13:08
Ливерпул – Арсенал и Челзи – Тотенхем, во полуфиналето на Лига Купот
Во англискиот Лига или популарен „Карабао“ Куп познати се двојките за полуфиналето.
Откако Арсенал во вториокот го победи Сандерленд со 5-1 и стана првиот полуфиналист, нему му се приклучија екипите на Челзи, Тотенхем и Ливерпул.
Лондонските екипи забележаа победи и тоа Челзи против Братфорд со 2-0, а Тотенхем против Вест Хем со 2-1, додека Ливерпул во диелот со Лестер буквално се спаси од елиминација.
Тимот на Лестер во два наврати имаше предност од два гола (2-0 и 3-1), а водството го одржуваше се до петата мунута од судиското дополнение кога Јапонецот, Минамино го израми резултатот на 3-3.
Во пенал рулетот, повеќе среќа, но и нерви имаа домашните фудбалери кои реализираа пет, наспротии четирите реализации на гостите, па Ливерпул се вброи во четирите екипи кои ќе продолжат понатаму во полуфиналето.
Во него Ливерпул за противник ќе го има Арсенал во двомечот што ќе стартува во Лондон на 4 јануари, а реваншот ќе се игра на „Енфилд“ на 11-ти.
Во лондонската пресметка меѓу Челзи и Тотенхем првиот меч ќе се игра на „Стенфорд Бриџ“.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->