Loading Video...
Фудбал
9. March 2022 - 11:19

Ливерпул и Баерн се првите четвртфиналисти во ЛШ

Ливерпул и Баерн се првите две екипи кои обезбедија пласман во четвртфиналната рунда во елитната фудбалска Лига на шампиони.  А, вечерва ќе дознаема кои два тима ќе им се приклучат во осумте најдобри
 
Ова е епилогот по првите два одиграни осминафинални реванш дуели во кој иако   Ливерпул пред својата публика загуби од Интер со 1-0 сепак благодарение на победата во Минално со 2-0 ангилскиот тим се пласира во четвртфиналето. 
 
А, до дего Баерн стигна на убедлив начин. Откако одиграа 1-1 на гостиувањето кај Салцбург во првиот меч, во реваншот Баварците го демолираа противникот совладувајќи го пред своите симпадизери со убедливо 7-1. Роберт Левандовски беше стрелец на првите три гола. 
 
Кои два тима ќе им се приклучат на Ливерпул и Баерн во четвртфиналето ќе дознаеме вечерва откако во Мадрид каде Реал ќе треба да надополни еден гол негатива во дуелот со ПСЖ по првата средба во Париз.
 
Затоа пак, Манчестер Сити формално треба да го потврди својот пласман, откако на гостувањето во Лисабон убедливо го совлада Спортинг со 5-0. 
Двата натпревари започнуваат во стандардниот термин од 21 часот.
 
Останатите четири реванш осминафинални дуели ќе се играат следниот вторник и среда.