Фудбал
3. March 2022 - 11:01

Ливертул, Челзи и Саутемптон во четвртфиналето на ФА Купот

 
 
 
Во најстарото фудбалско натпреварување, англискиот ФА Куп, останаа само уште две слободни места за четвртфиналето. 
 
Ливерпул, Чалзи и Саутемптон го обезбедија своето место меѓу осумте најдобри во ФА купот, со што им се приклучија на Манчестер Сити, Мидлсборо и Кристал Палас во четвртфиналето. 
 
 
Во осминафиналето, Ливерпул со двата гола на Минамино славеше славеше победа над Норвич. 
 
Челзи потешко од очекуваното го совлада второлигашот Лутон кој во два наврати имаше предност, но со головите на Тимо Вернер и Лукако „сините“ од Лондон се „протнаа“ во четвртфиналето. 
 
Најубедлив беше Саутемптон кој со 3-1 го победи и елиминира Вест Хем. 
 
Вечерва ќе биде познат и претпоследниот патник во четвртфиналето, за кое фавтори е Евертон  кој ја пречекува екипата на Бореам Вуд која настапува во петата по квалитет англиска лига. 
 
Пред овој натпревар ќе бидат извлечени и двојките за четвртфиналето кое на програмата е на 18 март, а преткодно на 7 март по дуелот Нотингем Форест - Хадерсфилд Таун  ќе биде познат и последниот тим кој ќе обезбеди место меѓу осумте најдобри.