Фудбал
16. April 2020 - 20:15

ЛН: Македонија - Косово во март наредната година

Франција реши да стави крај на сите натпреварувања во аматерските фудбалски лиги. УЕФА пак се обидува да ја заокружи сезоната во ЛИгата на шампионите и Лига Европа.

        Неофицијално дуелот Македонија – Косово од ЛН ќе се игра во март наредната година.

        Се поизвесно е по последните најави од ФИФА и УЕФА дека  репрезентативен фудбал нема да дима до крајот на годината. Од тие причини се очекува бараж дуелот од Лигата на нациите  Македонија – Косово да добие нов термин а тоа е март 2021г. Да потсетиме дека првиот термин беше март оваа година, па потоа јуни и на крајот месец октомври.

        УЕФА се уште нема решение за националните првенства и завршницата на ЛШ и ЛЕ. Затоа европската куќа на фудбалот најави серија состаноци за наредната седмица на кои ќе се бара решение на состојбата.  Дали ќе остане терминот јули да се завршат националните првенства а во август да се доиграат ЛШ и ЛЕ.

        Британскиот весник Мирор најавува дека ќе бидат организирани натпревари по турнирски систем со еден добиен натпревар.  СЕ ќе биде познато до следниот четврток.