Македонија
20. April 2023 - 16:55

Лога на средба со Стојков од ОМО Илинден Пирин слушна за проблемите на Македонците во Бугарија

Прва официјална средба на министерот за правда со копретседателот на ОМО Илинден Пирин. Лога се информирал за статусот и правата на Македонците во Бугарија. На средбата разговарале и за годишниот извештај на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во кој е посочено дека Бугарија не ја спроведува пресудата за основни човекови праа на слободно здружување. Претседателот на ОМО Илинден вели го известил министерот за правната битка која ја водат со институциите во Бугарија и за проблемите со кои се соочуваат како македонски здруженија.

За уставните измени не разговарале, но ставот на Стојков е дека треба да има реципроцитет.

Лидерот на Опозициската ВМРО ДПМНЕ го повтори ставот на опозициската коалиција дека нивните 44 пратеници нема да ја поддржат иницијативата за отворање на уставот. Мицкоски не сакаше да го коментира ниту составот на експертската група и обвини дека ова ќе биде уште една погубна политика која ја спроведува владата на СДСМ и ДУИ.

Ставот на Мицкоски го дели и претседателот на СПМ.

Министерството за правда најави дека ќе се проширува списокот на експери, но не споделија инормација кога ќе започне да работи оваа експертска група која брои  23-те члена.