Локални избори во три општини во Србија

Локални избори се одржуваат денеска во српските општини Неготин, Мионица и Сечањ – редовни во првите две општини, додека жителите на малата банатска општина Сечањ излегуваат на гласачките места вонредно.
Сите три места се сметаат за упоришта на владејачката СНС, каде што таа партија и нејзините коалициски партнери се на власт повеќе од десет години.
Локални избори во јуни имаше во Заечар и Косјериќ, но атмосферата пред овие локални избори е малку поинаква – помалку тензии, а отсуството на внимание од јавноста е забележливо во споредба со ова изборите летоска.
Избирачките места во сите три општини се отворени во 7:00 часот утрово, а граѓаните ќе можат да гласаат до 20:00 часот.
Изборен молк е на сила до затворањето на избирачките места.
Во Неготин се избираат 45 одборници, а на изборите учествуваат четири изборни листи.
Шест изборни листи се натпреваруваат за 39 советнички мандати во Мионица.
Во Сечањ, пет изборни листи се натпреваруваат за 23 советнички мандати.
Изборниот процес го следат голем број набљудувачки мисии, меѓу кои и набљудувачи и правни тимови на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА), до кои можат да се пријават какви било неправилности.
Право на глас имаат малку повеќе од 56.000 луѓе во сите три општини.
Локалните избори и овојпат добиваат национално значење. По Заечар и Косјериќ, ова е втор циклус локални избори во Србија откако почна голема општествена и политичка криза по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември лани кога загинаа 16 луѓе.
Во Заечар, по изборите одржани на 8 јуни, започна криза во локалната самоуправа, што се уште трае. Шест месеци по изборите, власта не е конституирана, а нема ниту привремено административно тело за донесување одлуки.
МИА
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
