Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница

Во близина на Виница пронајдено е тело на машко лице со прострелна рана од огнено оружје, соопштија денеска од државното јавното обвинителство.
Увид на местото извршиле припадници на Основното јавно обвинителство Кочани, а според првичните информации починатото лице е идентификувано како ловочувар кој бил дел од група за комерцијален лов.
Посочуваат дека во рамки на истрагата задржани се тројца странски државјани и еден македонски државјани кои биле дел од истата ловна група. За нив, надлежните институции ќе испитуваат дали биле инволвирани во пукањето.
-Во тек се дејствија на обезбедување докази, се вршат претреси и соодветни вештачења на траги. До целосно расчистување на случајот, задржаните лица ќе бидат обезбедени, а истрагата продолжува во насока на утврдување на одговорноста и причините за трагичниот настан, велат од Основното јавно обвинителство.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
