Лозово бара противпожарно возило
Лозово е една од помалите рурални општини која нема против пожарна единица. Во случај на пожар и за помала интервенција мора да бараат помош од територијалната единица во Свети Николе, а доколку се работи за огнена стихија од поголеми размери се вклучуваат и колегите од Штип и Велес. Волонтери има доволно, но не се обучени, немаат опрема, ниту возило.
-
Имаме доброволно противпожарно друштво, меѓутоа, кога не е опремено, исто е како да го нема. Тие доброволни противпожарни друштва треба постојано да одат на обуки и дополнително треба да имаат некаква опрема- изјави Бошко Цветковски, градоначалник на Општина Лозово.
Во моментот им е потребно само едно возило теренец за брза интервенција
-
Со самиот тој теренец, со 300 литри вода може да се стигне на време и да се локализира. На последната координативна седница на кризен штаб во Свети Николе, лично предложив да можат да бидат оспособени шумските патишта, за д аможат да стигнат противпожарни возила до нив- додаде Цветковски
Изработен е генерален план, на кој се утврдени критичните точки и одредени шумски патишта во должина од 25 километри кои треба да се пробијат и е доставен до Министерството за земјоделие.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар