Loading Video...
Фудбал
9. July 2018 - 12:49
ЛШ: Да се постигне гол повеќе од противникот
Фудбалерите на Шкендија го утревечер во 20. часот го играат првиот меч од 1. квалификациска рунда за Лигата на шампионите против првакот на Велс ТНС.
Во таборот на Шкендија се свесни дека против себе имаат екипа со бројни настапи (50) на меѓународната сцена и затоа се внимателни пред овој меч бидејќи според рејтингот на УЕФА велшаните се фаворит на овој меч.
И тренерот на тимот Ќатип Османи и капитенот Арменд Алими очекуваат добар настап и победа по можност без примен гол.
„ ТНС е екипа која на гостински терен игра затворено и максимално сконцентрирана на одбраната. Кога ќе ја освојат топката се обидуваат да го префрлат средниот ред и да му отворат простор на играчот во шпицот на нападот. Нашата цел е да постигнеме што порано гол а потоа сметам дека ќе биде полесно“ - изјави тренерот на македонскиот шампион Ќатип Османи кој ќе мора во Европа да продолжи без капитенот Хасани кој замина во странство. Османи информираше дека и најдобриот играч и стрелец на тетовчани Бесарт Ибраими се пожалил на повреда но сепак очекува да настапи.
Средбата со ТНС се игра на Филип Втори со почеток во 20ч.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
