Loading Video...
Фудбал
23. August 2020 - 11:57

ЛШ: Нов трофеј за Баерн или прва титула за ПСЖ

Вечерва во 21ч се игра големото финале во Лигата на шампионите помеѓу Баерн и ПСЖ.  Германскиот првак се бори за својата 6-та титула во најелитното европско натпреварување додека за ПСЖ се насмевнува првата историска титула во ЛШ:
Многу елементи се предизвик за актерите на големото финале кое ќе биде пресметка помеѓу германските тренери Флик и Тухел. Според прикажаните игри и резултати букмејкерите му ја даваат фаворитската улога на Баерн кој има импресивна серија на резултати во Лигата на шампионите и доколку не загуби во финалето ќе биде првиот тим кој без пораз ја освоил титулата. Од друга страна ПСЖ во своите редови ги има најскапите фудбалери Нејмар и Мбапе. Според заработката  Нејмар чини два пати повеќе од комплетниот тим на Баерн и Французите на патот до финалето веќе елиминираа две германски екипи Борусија Дортмунд и Лајпциг додека баварците во полуфиналето беа подобри од Лион.  Покрај тоа вечно ќе се памети бравурата против Барселона која доживеа хаварија од 8-2. 
Баерн да потсетиме во Лисабон ќе го игра своето 11-то финале и има освоено пет трофеи. Последниот во 2013-тата година кога во германското финале ја совлада Борусија Дортмунд. За Парижаните ова е прво финале кое треба да ја оправда големата финансиска инвестиција и да ја потврди оваа генерација фудбалери на чело со Нејмар, Мбапе, Ди Марија.....На спротивната страна светот е импресиониран од Полјакот Левандовски кој оваа сезона постигна вкупно 55 погодоци од кои 15 во ЛШ за што му се потребни уште два гола да го надмине рекордот на Роналдо. 
Со други зборови вистински дуел на шампиони бидејќи од 1998-та година за првпат во финалето играат актуелните прваци на своите земји. Баерн има 8 титули во последните 8 години и е 9 месеци без пораз додека ПСЖ има 7.  Големо финале какво што посакуваа фудбалските сладокусци останува да видиме само кој ќе се радува на големиот пехар на УЕФА, гаерманската машинерија или богатите Французи.
Средбата на стадионот Луц во Лисабон стартува во 21ч а ќе суди Италијанецот Даниеле Орсато.
Лига шампиони, финале
Недела 21ч. ПСЖ-Баерн
Судија: Даниеле Орсато
Стадион : Луц , Лисабон