Loading Video...
Фудбал
29. August 2018 - 19:12
ЛШ: Шкендија со офанзивна игра по историски резултат против Розенборг
Фудбалерите на Шкендија се пред тешка задача утревечер на ФИлип Втори. Ќе се обидат да ја анулираат предноста од 3-1 на Розенборг од првата средба и да се пласираат во групната фаза од Лига Европа.
Првиот стратег на тетовчани Ќатип Османи најави офанзивна игра на неговиот тим и атак на високата предност на противникот.
Оптимист е и капитенот и најдобриот играч на македонскиот првак Бесарт Ибраими кој очекува поддршка од трибините за историски успех на неговиот тим.
Средбата на Филип Втори се игра со почеток од 20.15ч.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
