Мачките благотворни за човековото здравје
Се верува дека, како миленичиња, им носат среќа на своите сопственици, но и според многу истражувања, мачките позитивно и благотворно влијаат и на емоциите и на стресот.
Важат за тивки миленичиња коишто всушност го подобруваат здравјето на нивните сопственици. Говорејќи за стресот, мачката го намалува преку – гушкањето… Таквиот начин на галење со миленичето, се вели, ослободува хормони на среќа коишто го намалуваат стресот. Дополнително, луѓето кои чуваат мачка имаат понизок крвен притисок и помала опасност од кардиоваскуларни болести, пишува порталот „Кликс“.
Тука се наведува и предењето коешто емитува фреквенција од 25 – 150 херци и, исто така, има терапевтски ефект врз здравјето на човекот, според „Кетс лав ас“ (Cats Luv Us). Овие фреквенции се сметаат за лековити бидејќи ублажуваат болки и ја стимулираат регенерацијата на коските.
Мачките имаат важна улога и во намалувањето на чувството на осаменост. Луѓето со маче како домашно милениче честопати имаат подобра емоционална состојба бидејќи животното благотворно влијае на анксиозноста и депресијата. За крај, се истакнува оти мачките создаваат емотивна врска, корисна за менталното здравје, а тоа ги прави совршени миленици за современиот начин на живот.
Ново на Сител
-
Фенербахче го победи Монако и ја освои Евролигата по втор пат во историјата
-
Почнува најголемата воена вежба во земјава „Брз одговор 2025“
-
Статусот на реализација на Реформската агенда на земјава на Националниот совет за евроинтеграции
-
Сончево со северен ветер
-
Играчите на АЕК се повлекоа, натпреварот со Алкалоид одложен
-
Париските таксисти се закануваат дека ќе го блокираат пристапот до Ролан Гарос
-
Френки де Јонг би можел да ја напушти Барселона во летниот преоден рок
-
Манчестер сити, Челзи и Њукасл изборија учество во ЛШ на крајот од сезоната во Премиер лигата