Мачките благотворни за човековото здравје

Се верува дека, како миленичиња, им носат среќа на своите сопственици, но и според многу истражувања, мачките позитивно и благотворно влијаат и на емоциите и на стресот.
Важат за тивки миленичиња коишто всушност го подобруваат здравјето на нивните сопственици. Говорејќи за стресот, мачката го намалува преку – гушкањето… Таквиот начин на галење со миленичето, се вели, ослободува хормони на среќа коишто го намалуваат стресот. Дополнително, луѓето кои чуваат мачка имаат понизок крвен притисок и помала опасност од кардиоваскуларни болести, пишува порталот „Кликс“.
Тука се наведува и предењето коешто емитува фреквенција од 25 – 150 херци и, исто така, има терапевтски ефект врз здравјето на човекот, според „Кетс лав ас“ (Cats Luv Us). Овие фреквенции се сметаат за лековити бидејќи ублажуваат болки и ја стимулираат регенерацијата на коските.
Мачките имаат важна улога и во намалувањето на чувството на осаменост. Луѓето со маче како домашно милениче честопати имаат подобра емоционална состојба бидејќи животното благотворно влијае на анксиозноста и депресијата. За крај, се истакнува оти мачките создаваат емотивна врска, корисна за менталното здравје, а тоа ги прави совршени миленици за современиот начин на живот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
