Македонија
11. August 2026 - 16:29

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално

Меѓуврсничкото насилство расте, податоците говорат дека секој месец барем двајца биле жртви но уште толку и повеќе лица гледале како истото се случува, снимале и споделувале на социјалните мрежи но особено згрижува тоа што насилството станува се побрутално.

Претседателката Сиљановска -Давкова во пресрет на одбележувањето на 12 август, Меѓународниот ден на младите кој се одржа во Охрид на тема Меѓуврсничкиото насилство и вандализам Млади, училишта и дигитален простор подвлече дека мора да се создава систем со кој ќе се гради мировна култура на разбирање наместо култура на страв.

Одоговорноста не е само на институциите туку и на семејството и целото општество.

Во фокусот на министерството за образование се превенцијата и навременото препознавање на насилството за безбедна училишна средина.

Министерството за образование заедно со Комората на психилози организираа обуки се со цел наставниците да препознаат кај децата почетни знаци на насилство и агресија, досега се реализирани 7 вакви настани во 30 општини.