Loading Video...
Фудбал
8. April 2018 - 19:41

Мадридското дерби без победник

Атлетико Мадрид   одигра 1-1 со големиот градски ривал Реал на Сантјаго Бернабе со што ја задржа предноста во битката за вицешампионската титула во Примера. 

Кралевите први го отворија резултатот и тоа повторно со прекрасен погодок на Кристијано Роналдо но Французинот Гризман  за само 4 минути ја скрати радоста на домашниот тим. 

Атлетико е на втората позиција со 68 бодови, 11 зад лидерот Барселона и четири повеќе од Реал.