Мадуро денеска ќе се појави пред суд во САД по нови обвиненија за тортура

Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес денеска ќе се појават пред суд во Њујорк по изменет обвинителен акт, според кој тие раководеле со државно организирана кампања на репресија, вклучително и тортура врз десетици лица, меѓу кои и тројца американски државјани.
Измените се додадени на претходниот обвинителен акт во предметот за трговија со наркотици, покренат против нив пред неколку месеци. Во јануари, двајцата беа уапсени од американските воени сили во операција изведена во нивниот дом во Каракас.
Се очекува Мадуро и Флорес да се изјаснат невини по новите обвиненија пред Федералниот суд во Менхетен.
Адвокатот на Мадуро, Бари Полак, минатата недела кога беа објавени новите обвиненија, изјави дека 63-годишниот поранешен претседател ги отфрла и „со нетрпение очекува да ја изнесе својата одбрана пред Судот“.
Според изменетиот обвинителен акт, Мадуро раководел со систем на тортура во кој жртвите биле тепани, задушувани и изложувани на електрични шокови. Тој е обвинет дека лично препорачувал методи на тортура, добивал информации за постапувањето кон конкретни жртви и се заканил дека ќе го убие детето на еден од затворениците како форма на психолошко малтретирање.
Во обвинителниот акт се наведува дека 69-годишната Флорес, поранешна главна обвинителка на Венецуела, учествувала во воспоставувањето на репресивниот систем и наредувала тортура врз конкретни лица.
Мадуро беше претседател на Венецуела од 2013 година до неговото апсење во јануари. Меѓународниот кривичен суд со години ги истражува наводите за злосторства против човештвото поврзани со репресијата врз неговите политички противници. Мадуро постојано ги негира обвинувањата за незаконско постапување.
Претходно годинава Мадуро и неговата сопруга се изјаснија за невини по предметот според кој се обвинети дека учествувале во заговор за внесување големи количества кокаин на американскиот пазар. Нивните адвокати бараат предметот да биде отфрлен, со образложение дека двајцата уживаат имунитет како поранешен шеф на држава и прва дама.
Изменетиот обвинителен акт опфаќа наводи за тортура што датираат од 2013 година, кога Мадуро ја презеде претседателската функција од својот политички ментор Уго Чавес, кој почина од рак истата година.
МИА
Ново на Сител
-

Иранската војска соопшти дека Ормуската Теснина е затворена
-

Македонија има светски шампион во карате – Марко Џорлев со пет победи стигна до златниот медал!
-

Во тек акција на МВР за сузбивање на трговија со дрога и оружје
-

Сончево со мала локална облачност до средината на следната седмица
-

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира - САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025
-

МВР: Во септември санкционирани 1.803 возачи на велосипеди и мотоцикли, одземени 88 мотоцикли
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Зеленски: Путин не е заинтересиран за мировни преговори, извозот на дизел во САД само ќе му ги наполни џебовите
