Мадуро од американски притвор: „Се справуваме добро, ние сме борци“

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро од притвор во САД им порачал на своите поддржувачи дека „се справува добро“, изјави неговиот син Николас Мадуро Гера.
„Се справуваме добро. Ние сме борци“, порачал Мадуро за себе и за сопругата Силија Флорес од ќелијата во САД, пренесе неговиот син.
Според истиот извор, Мадуро им рекол на своите адвокати „да не тагуваат“. Венецуелскиот лидер беше приведен и префрлен во САД за време на американската воена операција во Каракас на 3 јануари.
Мадуро и првата дама во понеделникот за првпат се појавија пред суд во Менхетен, Њујорк, каде што се изјаснија дека не се виновни по обвиненијата за нарко-тероризам и трговија со кокаин.
Изјавите на Мадуро неговиот син ги пренел за време на состанок на владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
