Маглата го отежнува сообраќајот, се чека за излез и влез на премините Табановце и Пелинце
Поради појава на магла, намалена е видливоста од 50 до 100 метри на патните правци Битола – Прилеп – Плетвар, Кичево – Македонски Брод, Скопје – Куманово, Скопје – Велес, Велес – Катланово и Кочани – Штип, а на патот Тетово – Групчин со 150 метри, информира АМСМ во вечерниот извештај за состојба на патиштата.
АМСМ соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце, за излез од државата се чека околу еден час, а за влез во државата околу 40 минути. На граничниот премин Пелинце, пак, за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Маглата од вчера го отежнува и одвивањето на авиосообраќајот од Скопскиот аеродром, каде од 20 часот синоќа до девет часот изутрината беа откажани девет лета, а четири пренасочени. Од 9 часот денеска се одвиваше по регуларниот распоред и з алетовите до 17 часот не се очекуваа нарушувања. Од ТАВ Македонија ги упатуваат патниците да ја следат веб-страницата: skp.airports.com.mk, во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања), каде што евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваат информациите во нивните системи.
УХМР најави дека продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините вклучувајќи ја и Скопската Котлина и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури. Утре ќе дува умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието поради што преодно ќе се намалат условите за магла.
Ново на Сител
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
-

Мицкоски: Високата поддршка во анкетите е резултат на работата и реформите
