Македонија
29. November 2026 - 14:08

Мајка и син приведени откако тој физички ја нападнал вонбрачната сопруга, а таа ѝ се заканувала

Маж и неговата 70-годишна мајка биле лишени од слобода во неготинско, откако 35-годишна жена пријавила семејно насилство.

Според пријавата, нејзиниот вонбрачен сопруг физички ја нападнал во семејниот дом, додека неговата мајка ѝ се заканувала. Двајцата биле приведени на 29 ноември на полноќ и задржани во полициска станица.

За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа во Неготино, а по документирање на настанот ќе следуваат соодветни пријави.