Македонија
24. јуни 2025 - 16:49

Мајка и три деца попладнево со авион ќе бидат евакуирани од Тел Авив во Атина

Нова рунда на евакуација на македонски државјани од Израел. Мајка и три деца со авион денеска се евакуираат од Тел Авив во Атина. Согласно информациите од македонското МНР, авионот полетал во 15.45 часот.  Местата се обезбедени преку израелското министерството за транспорт на Израел, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел. 

Понатамошното патување до финалната дестинација ќе се одвива во сопствена организација. Согласно оваа, како и претходната евакуација реализирана со владин авион на 17 јуни, заклучно со 23 јуни, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 25. Меѓутоа, не сите изразиле подготвеност тоа да го направат веднаш. Се очекува следните денови дополнителен број на наши државјани да добијат можност за евакуација од Израел, велат од МНР за Сител .

По ескалација на состојбите на Блискиот Исток, од МНР објавија телефонски броеви за сите македонски државјани кои престојуват во Катар и Обединетите Арапски Емирати, да се јават доколку имаат потреба. До овој момент, нема барања за евакуација за Македонци кои се наоѓаат во Катар или Обединетите Арапски Емирати. 

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани сè до нивната безбедна евакуација.