Македонија
1. јуни 2026 - 16:33

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања

Македонските граѓани, дури и кога пред нив има конкретна парична понуда, тешко се откажуваат од своите политички убедувања. Истражувањата на покажуваат дека високи 80 проценти од испитаниците би одбиле да потпишат петиција која е спротивна на нивниот политички став. Со ваков резултат, Македонија се позиционира пред земји како Италија, Австрија и Данска, држави што традиционално важат за стабилни демократии.

Истражувањето на европскиот истражувачки проект ENCODE покажува сличен тренд и кога станува збор за изборниот процес. Дури 78 проценти од анкетираните не би прифатиле пари во замена да не излезат на гласање.

На социјалните мрежи пак бројките се загрижувачки. Речиси сите коментари на платформата X се исполнети со говор на омраза и гнев кон македонските политичари. Дури 98% од коментарите содржат омраза, а кај 82% од македонските корисници е изразен гнев додека коментираат на објави. Овие податоци произлегуваат од анализа на компанијата PredictBy, која опфатила околу 120.000 објави и коментари од Македонија.

Анкетите во соработка со институтот за демократија се спроведени во 2024тата година пред парламентарните и претседателски избори, а од Македонија учествувале 581 испитаник.