-->
-->
Македонец загина во сообраќајна незгода во Малта
-->
Македонецот Мартин Костов вчера загинал во сообраќајна несреќа во Слиема, Малта.
Како што беше објавено во групата „Македонска заедница во Малта“, се замолуваат сите хумани луѓе да донираат со цел да се соберат средства за транспорт на телото во Македонија.
„Почитувани
За жал вчера згасна живот на наш млад Македонец ( Мартин Костов ) во сообраќајна несреќа која се случи во Слиема.
Поради финансиски потешкотии на неговото семејство Ве замолуваме кој колку може да донира на сметка на неговиот брат Иван Костов ( сликата е во коментар ) со цел побрзо собирање на средствата за транспорт на телото од Малта во Македонија.
Да покажеме солидарност и хуманост во овие тешки мигови.
Ве замолуваме да споделите.
Почивај во мир“, пишува во статусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари
-
Преглед на вестите од светот
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци