Македонија домаќин на Светско училишно првенство во ракомет 2026

Македонија ќе биде домаќин на Светско училишно првенство во ракомет, кое ќе се одржи од 20 до 29 април 2026 година во Скопје. Овој значаен меѓународен спортски настан ќе се реализира во организација на Министерството за спорт и Федерацијата за училишен спорт на Македонија.
Договорот за организација на првенството беше официјално потпишан од страна на министерот за спорт Борко Ристовски, претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска и претседателот на Светската федерација за училишен спорт, Жељко Танасковиќ.
Министерот Ристовски истакна дека организацијата на ова првенство претставува признание за заложбите спортот да биде во секојдневието на младите преку училишниот систем.
-Горд сум што Македонија ќе биде домаќин на еден ваков значаен светски спортски настан. Ова првенство е признание за нашата заложба спортот да биде составен дел од животот на младите. Овој настан е една поширока платформа која ги поврзува спортот, образованието, младинските политики и интернационалната соработка. Ваквите меѓународни првенства се силен поттик и инспирација за учениците да се вклучат во спортските активности, да се натпреваруваат, да негуваат вистински вредности и да растат како личности. Верувам дека нашите млади ракометари ќе го искористат овој момент како мотивација за уште поголеми спортски успеси, порача Ристовски.
Претседателот на Светската федерација за училишен спорт, Жељко Танасковиќ ја истакна важноста на едно вакво големо спортско натпреварување во ракомет како спорт што е особено популарен во балканскиот регион.
Посочувајќи го значењето, но и одговорноста да се организира ваков голем настан, претседателката на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска истакна дека Светско училишно првенство во ракомет ќе биде вистински спортски празник за градот и за државата.
На првенството се очекува да настапат околу 1000 млади ракометари и ракометарки - средношколци на возраст до 18 години од целиот свет.
МИА
Ново на Сител
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
-

Костадиновски: „Сејф сити“ ни покажа нашиот менталитет може брзо да се прилагодува на правила
-

Кратово се подготвува за прослава на патронот на градот - Свети Ѓорѓи Кратовски
-

Мицкоски - Варнс: Заедничка заложба за натамошно јанкење на односите меѓу Македонија и САД
