Македонија
24. July 2025 - 16:38

Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре

Македонија ги живее најтоплите денови оваа година. Граѓани секојдневно колабираат на температурите над 40 степени. Докторите од Итната медицинска помош и денеска се со полни раце работа.  Да се пијат доволно течности и да не се излегува надвор од 11. до 17 часот поради силните УВ зраци, предупредуваат здравствните власти. 

Бремните жени, хроничноболните и лицата постари од 60 години се најранливата група.

Тешко минува топлотниот бран, велат граѓаните за Сител. Но тврдат дека ги слушаат советите на докторите.

Некои и на плус 40 степени се уште имаат секнати чешми. 

Топлотниот бран ќе кулминира утре и задутре. Пониски температури од следната седмица. 

Во меѓувреме, Владата со топлотниот бран се бори само со препораки до работодавците, да се ослободат од работа бремените жени и лицата над 60 години. Препораки, кои не се обврзувачки.