Loading Video...
Фудбал
29. јуни 2018 - 19:37

Македонија го мина првиот претквалификациски круг

Нашите најдобри кошаркари загубија со 85:79 (26:19, 21:23, 19:22, 19:15) од Швајцарија на гостувањето во Фрибург за прв пораз во претквалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Иако Швајцарците одлично ја одиграа првата четвртина и направија предност од 6 поени разлика сепак беа далеку од анулирањето на високиот пораз во Скопје што можеше да го загрози првото место на нашата репрезентација. Македонија ги доби втората и третата четвртина но не успеа да го избегне поразот иако во финишот се влезе со рамнаправна игра и дури и водство од 75-74.

Сепак како да немавме сили и свежина да го претвориме водството во победа па Швајцарија со тројка и серија поени направи недостижна предост што значеше победа.

Најефикасен во селекцијата на Македонија беше Војдан Стојановски со 24 поени додека Трајковски постигна 19.  Новиот американец Витингтон застана на 11 поени.

Македонија во втората фаза од претквалификациите ќе игра против Косово и најверојатно Романија на чија клупа седи Заре Марковски.