Loading Video...
Фудбал
23. December 2021 - 18:38

Македонија годината ја завршува на 67.место на ФИФА листата

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска ја објави последната ранг листа за календарската 2021 година. 
 
На неа. Фудбалската репрезентација на Македонија останува на 67-та позиција на ранг листата на ФИФА.
 
Иако за нашиот фудбал ова беше најуспешната година, која ќе биде запаметена по историското прво ушество на Европскиот шампионат како и обезбедениот бараж за Светското првенство догодина, сепак црвено-жолтите не направија голем прогрес на оваа листа на која во во април и мај месец котираа најдобро на 62-то место. 
 
Репрезентацијата на Италија која ќе биде наш противник во полуфиналето од баражот за Мундијалот, годинава ја завршува на 6.место, додека можните противници во финалето, Португалија и Турција се 8-то и 37-то место. 
 
Белгија останува на врвот, а во ТОП 5 се и Бразил, Франција, Англија и Аргентина.