Македонија и Малта ќе соработуваат за користење на ЕУ фондови за инвестиции во образование, наука, млади и спорт
Меморандум за соработка помеѓу Националната агенција на Република Македонија и Националната агенција на Република Малта вчера беше потпишан во Валета – главниот град на Малта, во рамките на 4-тата Европска конвенција за младинска работа под покровителство на Советот на Европа и Европската комисија.
Со овој документ, како што соопштуваат од македонската Национална агенција за европски образовни програми, Македонија обезбедува партнерство кон директно користење на најголемите грантови од европските фондови преку програмата КА3 – која обезбедува поддршка за проекти од стратешко значење, голем обем и долгорочно влијание, особено капитални инвестиции во сферата на образованието, науката, младите и спортот.
- Директорот на Националната агенција, Петар Богојески, ја предводеше македонската делегација и лично го договори и потпиша ова стратешко партнерство со неговиот колега од Малта, Рафаел Скери и отвори нови перспективи за нашите образовни институции, организации и компании, кои досега не пристапуваа до ваков вид грантови и инвестиции. Со овој чекор, Македонија влегува во повисока лига на европско партнерство. Овозможуваме пристап до средства што значат вистински развој, конкретни резултати и нови можности за младите, наставниците, истражувачите и иноваторите, стои во соопштението.
Партнерството со Малта, како пријателска и успешна земја-членка на Европската Унија, се додава понатаму, претставува пример за паметна дипломатија и ефикасно искористување на европската солидарност и средства. Во таа насока, силно дејствуваа и м-р Срѓан Каранфиловски, координатор за меѓународна соработка во НАЕОПМ и претставниците на граѓанскиот сектор, дел од македонската делегација.
-Македонија денес прави значаен чекор напред – кон европско знаење, кон конкурентно образование и кон европска иднина. Македонија и Малта – заедно кон европски успех!, се посочува во соопштението.
Ново на Сител
-
Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин
-
Едно лице загина, а десетици се повредени во земјотресот на медитеранскиот брег на Турција
-
По 22 години бегство уапсен „Командант Бреза“
-
Сиљановска Давкова: Родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки, туку реална слика на општествената стварност
-
ДЗР: Регионален развој без резултати - јавните инвестиции заглавени во локални приоритети
-
Почнува четвртфиналната фаза на „Ролан Гарос“
-
Влада: Историски најдобар оперативен план, практикантство за 1.352 млади до 29 години и младински додаток од 3.000 денари месечно за лица до 23 години
-
Приведен 64-годишен маж од Пробиштип, возел под дејство на алкохол и удрил во дрво