Македонија исчезнува: Продолжува трендот на повеќе починати од родени
Исчезнуваме тивко – полека. Продолжува трендот на негативен природен прираст. Податоците на Државната статистика покажуваат дека во последните три месеци од минатата година родени се 4.185 луѓе, а бројот на умрени е 5.028. И двата податоци бележат пад споредено со лани. Бројот на родени за 4,5, а бројот на умрени за 1,5%.
Доколку се споредат податоците на годишно ниво, лани родени биле 16.313 бебиња, а починале 19.738 луѓе. Со тоа негативниот прираст изнесува 3.425.
Во позивита се само скопскиот и полошкиот регион. Доколку се споредат податоците според доминантниот етникум може да се заклучи дека единствена општина со поголем број Македонци каде се родиле повеќе бебиња отколку што умреле луѓе.
Катастрофална е состојбата во Битола, Прилеп, Охрид, Штип.
|
Општина |
Живородени бебиња |
Умрени |
|
Центар |
172 |
162 |
|
Битола |
171 |
297 |
|
Охрид |
116 |
167 |
|
Прилеп |
132 |
206 |
Но ситуацијата во општините каде доминантно население се Албанци, сликата е драстично различна.
Чаир, Сарај, Тетово, Струга се во позитива.
|
Општина |
Живородени бебиња |
Умрени |
|
Чаир |
208 |
138 |
|
Сарај |
123 |
60 |
|
Тетово |
230 |
176 |
|
Струга |
106 |
102 |
Ова не е новонастаната ситуација. Македонија веќе со години има негативен природен прираст, но државата не презема ништо за ова прашање.
Поранешниот прв човек на државата Статистика, Дончо Герасимовски вели дека ова е тренд кој е започнат во скандинавските држави уште многу одамна и сега цела Европа е зафатена со демографска негатива. Вели дека земјите од регионот веќе работат на подобрување на демографската слика, но кај нас надлежните немаат слух.
Но голем проблем е што Македонија не води никаква евиденција на луѓе кои се иселуваат од државата. Политичките партии често ја користат бројката од 600.000 иселени, но никој не знае дали таа релевантна.
Герасимовски вели, државата мора веднаш да почне да работи на спречување на белата чума.
-Драбилнското решавање треба да почне веднаш. Намалувањето, сопирањето во овој момент е многу тешко. Вие не можете да направите од утре да не се иселуваат. Можеби ќе се намали трендот кога ќе се подобрат одредени услови, затоа велам, стратегија, мерки и активности коишто ќе доведат до задоволување на потребите на населението. Спречувањето на иселувањето би одело чекор по чекор, врз одредени мерки. Оваа година неколку, другата години неколку и така..., вели поранешниот директор на Државната статистика, Дончо Герасимовски.
Губењето на работната сила ќе мора да се замени. Експертите велат дека неминовно Македонија ќе мора да почне да увезува странска работна сила за да ги задоволи сопствените потреби. Но проблемот е што нашиот стандард е многу низок, па Македонија во моментов може да биде привлечна само за работници од Азијските сиромашни држави кои не можат да стигнат до западноевропските земји.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
