Loading Video...
Фудбал
1. јуни 2022 - 18:59

Македонија не бега од улога на фаворит против Бугарија

Нашата надобра фудбалска  репрезентација е во Разград, каде утре со дуелот против Бугарија ќе го започне својот настап во новиот циклус во Лигата на нациите. Македонија во јуни ја очекуваат пеколен ритам, четири средби во само десет дена, во новиот циклус во Лигата на нациите. 
 
Сепак во таборот на црвено-жолтите владее голем оптимизам и желба да се искористи ова натпреварување за повторно Македонија да биде дел од најдобрите селекции на следното ЕП. Новиот капитен нба црвено-ќолтите Енес барди, не бега од фаворитската улога, но смета дека таа мора да се потврди со прикажаната игра и пристапот кон секој натпревар. 
 
„„Имаме искуство во тимот и знаеме да играме и кога противникот е фаворит. Сега сме спремни да играме паметно и кога ние сме фаворити. Имаме победнички менталитет и овие натпревари се потешки од претходните од баражот. Многу ни е важно добро да стартуваме. Имаме освежувања во тимот, но физички и психички сме подготвени за предизвикот“, изјави вели Барди на прес конференција одржана пред денешниот тренинг. 
 
Утрешниот натпревар меѓу Бугарија и Македонија ќе започне од 18 часот, термин во кој ќе стартува и средбата меѓу Грузија и Гибралтар, селекција која ќе биде втор противник на црвено-жолтите во рамките од Ц4 конкуренцијата