Loading Video...
Фудбал
17. October 2022 - 19:54
Македонија се подготвува за дуелот со С. Арабија
Фудбалската репрезентација на Македонија составена од фудбалери од домашното првенство во денеска стартуваше со подготовките за контролниот дуел со С: Арабија што во недела ќе се одигра во Абу Даби.
Селекторот Милевски на денешниот собир ги имаше сите повикани репрезентативци со исклучок на Дарко Велковски кој настапува во земјата на нашиот следен противник и на експедицијата ќе им се придружи во Абу Даби.
Токму Велковски е најискусниот репрезентативец од повиканите фудбалери со 43 натпревари во националниот тим. Од оние кои имаат настапи во најдобрата селекција се уште и Ферхан Хасани, Влатко Стојановски, Дориев , Тошевски, Егзон Бејтулаи како и иксусниот Бесарт Ибраими кој изрази задоволство што повторно е во репрезентацијата.
За селекторот Милевски ова ќе биде убава можност да го провери квалитетот на репрезентативците од прволигашката конкуренција кои за разлика од своите колеги кои настапуваат во странските првенства редовно играат натпревари и ја имаат потребната минутажа.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->