Македонија сеуште нема известување дали да ги повлече чоколадите на Марс
Македонија сеуште нема добиено известување за повлекување на чоколадите на Марс. Засега нема ниту информација дали на македонскиот пазар има производи од оваа компанија со рок на трање помеѓу 19 јуни 2016 година и 8 јануари 2017 година за кои има сомневање дека содржат пластика. И додека компанијата издаде наредба да се повлечат чоколадитe сникерс, марс, милки веј и минијатурис во 55 земји, нашата држава не е на листата. Агенцијата за храна досега не е предупредена.
-Агенцијата е во тек и ги следи информациите за повлекувањето на дел од овие производи од германскиот пазар од страна на компанијата производител, поради појава на пластика во производите. Доколку добие нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на ЕУ дека небезбедни производи од овој производител се наоѓаат на македонскиот пазар, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе постапи соодветно и ќе ги отстрани од пазарот, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Повлекувањето на сомнителни серии на чоколадите на Марс следи откако потрошувач во Германија нашол црвена пластика во Сникерс. Од произвоизводителот посочуваат дека се повлекуваат само оние чоколади што се произведени во фабриката во холандскиот град Вегел. Токму од таму со вакви производи се снабдуваат и земјите од Европа и Азија.
- Ние не можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика беше само во тоа чоколадо Сникерс. Ние сакаме нашите производи на пазарот, кои не можат да ги исполнат нашите барања за квалитет да се повлечат, па затоа решивме сите да ги повлечеме, посочуваат за странските медиуми од фабриката „Марс” во Холандија.
Во повлекувањето не се опфатени производите што произведуваат во централата фабрика на „Марс“ во Америка.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
