Македонија со голем скок на листата на репортери без граници за слобода на медиумите
Македонија е лидер на регионот а во светот е рангирана на 38 место по слобода на медиумите. Но во резимето на Репортери без граници се потенцира дека владините функционери имаат лош и омалаважувачки однос кон новинарите. Широко се распространети дезинформациите, недостасува професионализам, општеството нема доверба а тоа ги изложува независните медиуми на закани и напади. Според инексот по категории, најлошо сме позициониранми по однос на безбедноста, потоа економски, социјално и политички. Најдобро е оценето законодавството
„Под изговор на заштита на државни тајни и лични податоци, тие може да бидат изложени на правни притисоци и агресивен прогон. Сепак, судовите знаат да застанат во одбрана на слободите и да ги заштитат новинарите. Во главниот град, беше назначен специјален обвинител кој треба да ги процесира случаите на напади врз новинари. “
Декларативни заложби има, но реалната слика е поинаква сметаат новинарските здруженија. Две третини од новинарите земаат просечна или подпросечна плата, се соочуваат со несигурни работни места, без социјално и здравствено осигурување, а се повеќе се и мета на напади особено новинарките.
Евроамбасадорто Гир порача дека ЕУ силно се залага за да обезбеди подобар статус за новинарите со финасиска помош, нивна заштита, награди за најдобрите стории, како и во борбата со дезинформации.
Светскиот ден на слопбодата на медиумите новинарите го одбележаа со крводарителска акција во Црвениот Крст.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
