Loading Video...
Фудбал
7. March 2018 - 14:00

Македонија со проверени сили во Анталија

Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекуваат две контролни средби во турското летувалиште Анталија. 

Противници се селекциите на Финска и Азербејџан.  Подготовките ќе стартуваат директно во Турција на 18-ти март а експедицијата се враќа дома 10 дена подоцна. „Пред нас е една исклучително значајна година и настапот во Лигата на Нации. Во списокот нема поголеми промени.. Сметам дека во овој момент нема простор за експерименти, а освен тоа 2017 беше добра и задоволен сум од сите репрезентативци што беа повикани. Тоа што е добро не треба да се менува. Имаме голема шанса во Лигата на Нации и сакам да го освоиме првото место. Ги следам сите фудбалери и стојам зад изборот што го направив", вели Ангеловски.
 
Собирот на македонската А репрезантација е предвиден на 18 март во Белек, Анталија, тимот ќе биде сметен во хотел “Глориа“, а натпреварите се закажани на 23. март со Финска и на 27. март со Азербејџан.