Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос

Едно лице загина, а едно е повредено откако автомобилот во кој се возеле удрил во лос во близина на влезот во Националниот парк и резерват Денали на Алјаска, јави Си-Ен-Ен.
Судирот на возилото со лосот се случил околу 1 часот наутро во петокот, јужно од влезот на патот Денали Парк во близина на милја 235 од автопатот Џорџ Паркс, исто така познат како автопат Паркс, се вели во соопштението на паркот.
Возачот (24), кој бил од Бугарија, бил прогласен за мртов на лице место. Неговата сопатничка (24), која е од Северна Македонија, била однесена во болница во Фербенкс.
Националната служба за паркови го истражува инцидентот и соработува со бугарската амбасада за да го извести семејството на возачот.
-Судирот служи како потсетник за опасностите од дивиот свет по патиштата на Алјаска, соопшти паркот. „Лосовите, ирвасите и другите големи животни често се активни во зори, самрак и ноќни часови и може да бидат тешко видливи“, се додава.
Паркот ги повика возачите да забават во темница и да користат долги светла.
МИА
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
