Македонската кикбокс репрезентација замина на Европското кикбокс првенство во Истанбул

Македонската кикбокс репрезентација предводена од претседателот Дејан Митровски Урко замина на ВАКО Европскотокикбокс првенство за јуниори, кадети и деца 2023, кое ќе се одржи од 25.08-03.09.2023 во Истанбул, Турција.
На овој престижен кикбокс натпревар учество ќе земат 1640 натпреварувачи во 2079 натпреварувачки влезови од 38 европски држави.
Нашата репрезентација е составена од 6 натпреварувачи, двајца тренери, и еден судија.
Во состав на нашата репрезентација учество обезбедија:
Јадранка Темелкова, Марија Димовска, Нелсон Узеир, Туркер Исмаил, Силвио Мировски и Петар Илковски, а тренерското водство се Дејан Митровски Урко и Драган Атанасовски.
Противниците и официјалниот распоред и ждребови ќе го знаеме во недела. Во склоп на првенството ќе се одржи и Генералното собрание на Вако Европоската федерација, на кое учество ќе земат претседателот на КМФМ Дејан Митровски Урко и генералниот секретар Драган Атанасовски.
“Им посакувам успех на сите членови на нашата репрезентација и посакувам европски медали од Македонската кикбокс младина. Искажувам јавна благодарност до Агенцијата за млади и спорт, до Македонскиот олимписки комитет и до Јома Спорт за помошта и поддршка за учество на ова европско првенство. Сигурен сум дека уште еднаш ќе ја оправдаме нивната доверба во нас.”- изјави претседателот на КМФМ - Дејан Митровски - Урко
Ново на Сител
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
-

Дигитален регистер на загадувачи за почисто Скопје
-

Многу малку сестри во одделите за интензивна нега
