-->
-->
Македонски Брод: Ја нападнал сопругата и барал да ја повлече пријавата за семејно насилство
-->

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против 56-годишен жител на село во Македонски Брод, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Според информациите од полицијата, на 6 ноември 2026 година, во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата сопруга, барајќи од неа да ја повлече претходно поднесената кривична пријава за семејно насилство.
За претходниот случај, како што информираат надлежните, било закажано судско рочиште.
По документирањето на случајот, против 56-годишниот маж е поднесена соодветна кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се обидувала да запали оган со бензин, 32-годишна жена заврши со тешки изгореници
-

Пријавено вознемирување во автобус во Скопје, жртвата е 20-годишна девојка
-

19-годишник од Радовиш ја нападнал својата баба, полицијата го приведе
-

Македонски Брод: Ја нападнал сопругата и барал да ја повлече пријавата за семејно насилство
-

168,7 килограми режан тутун запленети во Прилеп
-

Марковски: Вештачењето нарачано од одбраната на Јованов е селективно и со сериозни методолошки пропусти
-

Рекордна невработеност на високообразованите во Германија
-

Славески: Состојбата во Алта банка АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни, се бара нов сопственик
