Македонски државјанин приведен во Бургас под сомнеж за шверц на мигранти
Полицијата во бугарскиот град Бургас денеска приведе македонски државјанин под сомнеж дека со камионот што го управувал превезувал повеќе од стотина илегални мигранти по потекло од Авганистан.
Како што јави БТА, портпаролката на Регионалната управа на полицијата во Бургас, Цветелина Рандева информира дека возачот на камионот е идентификуван како 60-годишен македонски државјанин.
Тој заедно со мигрантите бил приведен утрово во Бургас околу 06:45 часот по локално време (05:45 часот по македонско време).
Според Рандева, мигрантите, сите мажи, биле натоварени во камионот во реонот на Дебелт, од каде тој се упатил кон Бургас.
По пристигнувањето во Бургас камионот бил запрен од полициски службеници, кои ги откриле мигрантите во возилото.
Во врска со случајот бугарската полиција повела предистражна постапка.
Ново на Сител
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Трамп најави средби со европски лидери за Украина и нов разговор со Путин
-
Нови прoтести на студентите во блокaдa зaкaжани за денеска во Белград и во Нови Сад
-
Евробаскет 2025: Селекторот на Италија поднесе оставка
-
Алкараз шампион на УС опен и нов број 1 на светот
-
Директорот на српската полиција: Над 126.000 луѓе присуствуваа на 111 собири против блокадите
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината
-
Сообраќајка на патот Штип - Плачковица, сообраќајот во прекин