Македонски државјанин приведен во Бургас под сомнеж за шверц на мигранти
Полицијата во бугарскиот град Бургас денеска приведе македонски државјанин под сомнеж дека со камионот што го управувал превезувал повеќе од стотина илегални мигранти по потекло од Авганистан.
Како што јави БТА, портпаролката на Регионалната управа на полицијата во Бургас, Цветелина Рандева информира дека возачот на камионот е идентификуван како 60-годишен македонски државјанин.
Тој заедно со мигрантите бил приведен утрово во Бургас околу 06:45 часот по локално време (05:45 часот по македонско време).
Според Рандева, мигрантите, сите мажи, биле натоварени во камионот во реонот на Дебелт, од каде тој се упатил кон Бургас.
По пристигнувањето во Бургас камионот бил запрен од полициски службеници, кои ги откриле мигрантите во возилото.
Во врска со случајот бугарската полиција повела предистражна постапка.
Ново на Сител
-
Јаневска: Ако се појави можност дел од образовните асистенти трајно да се вработат, со задоволство тоа ќе го прифатам
-
На камењарот на Пелистер се извлекува повреден македонски планинар
-
Земјоделците да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, велат агрометеоролозите
-
Сашко Кедев го освои и Гашербрум I, тој е првиот Македонец што ги искачи сите 14 врвови над 8 000 метри
-
Пиштол и муниција пронајдени во домот на скопјанец
-
Во Србија лани 183 лица завршиле зад решетки поради економски криминал
-
Лондонската полиција приведе 55 лица на митингот на забранетата организација „Палестинска акција“
-
Активни пожари во Желино, Василево, Македонски брод и Прилеп