Македонија
21. July 2025 - 11:59

Скопјанка донесе на свет женско бебе во амбулантно возило на пат кон болница | ФОТО

Женско здраво бебе пристигна на светот во несекојдневни услови, во амбулантно возило на пат кон скопска болница, а медицинските лица го дочекаа со огромни насмевки.

Д-р Даниел Кировски сподели фотографија од необичното породување и откри дека станува збор за здраво девојче.

Во краток текст тој раскажа:

Ново срце запиша први отчукувања – на пат, во амбулантно возило, во длабока ноќ.

Во моменти кога времето станува критично, кога нема простор за двоумење – животот си го наоѓа патот.

Имав чест да бидам дел од породување кое се случи во движење, само неколку минути по полноќ. Девојче – здраво, силно и прекрасно – дојде на свет во рацете на медицинскиот тим. Без родилна сала, но со целосна посветеност, мирна координација и срце полно адреналин.

Мајката и бебето се во одлична состојба.

Во вакви моменти потсетуваш зошто си го избрал овој повик – затоа што животот понекогаш се раѓа баш таму каде што најмалку очекуваш.