Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат

Фото:// Fabiane Marchesini Fotografias
Македонските ора „Малешевка“ и „Калајџиско“ беа претставени на големата сцена на Интернационалниот фолклорен фестивал во Нова Прата, Бразил, каде што настапува Ансамблот „Студио Фолклор“ од Македонија.
Од ансамблот со голема радост го споделија настапот на македонските играорци, кои со многу енергија ја претставија македонската традиција и култура пред меѓународната публика.
„Затресе, згрме и тоа јако. Епицентарот е на светската сцена во Нова Прата, Бразил. Малешевка и финале Калајџиско. Летавме по сцената! Многу радост, многу среќа, многу позитивна енергија на лицата на нашите играорци“, објави Љупчо Маневски.
Поддршка на македонските претставници им дадоа и претставници на македонската дипломатија во Бразил, кои присуствуваа на настапот.
Ансамблот „Студио Фолклор“ во моментов ја претставува Македонија на меѓународниот фестивал во Нова Прата, а од ансамблот ги повикаа граѓаните да им дадат поддршка и преку онлајн гласањето на следниот ЛИНК.





Фото:// Fabiane Marchesini Fotografias
Ново на Сител
-

Собранието и МАНУ со договор за уредување на меѓусебните односи
-

Трамп: Украина мора да сака да стави крај на војната
-

УЈП ќе ги презентира анализите за тоа колку и од каде заработувале граѓаните
-

Виткоф пристигна во Санкт Петербург на средба со Путин, по разговорите со Зеленски
-

НАТО го предупреди Зеленски дека Трамп може да ги запре испораките на оружје
-

Деветти ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантите
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
