Македонскиот и грчкиот министер за внатрешни работи Тошковски и Ливаниос на средба во Преспес
Македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и грчкиот министер за внатрешни работи Тодорос Ливаниос денеска во Преспес, Грција ќе го одбележат почнувањето на работите финансирани од ЕУ во Грција, за повторно отворање на граничниот премин Маркова Нога - Лемос.
Како што е познато, градежните работи на македонска страна за изградба на нова царинска зграда на граничниот премин Маркова Нога почнаа пролетоска и се очекува да завршат во 2026 година, за што од програмата ЕУ за Преспа издвоени се два милиони евра.
Работите финансирани од ЕУ во Грција ќе се одвиваат преку проектот БорПрес2 за прекугранична соработка од стратешко значење за да се опфати изградба на нова царинска и полициска контролна зграда во Лемос, Грција, како и реновирање на постојната полициска станица во Маркова Нога. За оваа намена се издвоени 7,7 милиони евра во рамките на програмата ИНТЕРРЕГ финансирана од ЕУ за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција, а временскиот рок за работите е 36 месеци.
Двојното финансирање од ЕУ за граничниот премин Маркова Нога - Лемос има цел да го стимулира економскиот развој на регионот Преспа/Преспес.
На настанот во Лемос ќе присуствува и амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас.
Ново на Сител
-
Голем бод за Македонија против Белгија
-
Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
-
ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета
-
Ванг Ји: Кина и Франција постигнаа консензус за решавање на трговските прашања
-
Православна читанка | Епископ Стобиски, г. Јаков | Неформално | Sitel Podcast 097
-
Рама: Албанија влегува во уште една престижна мапа на Европа
-
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД
-
ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција