Македонскиот народен театар одбележува 81 година

Македонскиот народен театар денеска одбележува 81 година од првата претстава на македонски јазик, со која почнува континуираната работа на ансамблот на театарот.
„Сонцето, колку е блиску сонцето“ е првата реченица на македонски јазик што ја изговорила актерката Вера Вучкова на 3 април 1945 на изведбата на претставата „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, во превод на Блаже Конески.
МНТ лани го одбележа 80-годишниот јубилеј со сценско-музички проект во режија на Дејан Пројковски, со наслов „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in МNT“, кој реферира на првата изговорена реплика на македонски јазик.
Претставата за осум децении постоење беше осмислена како аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност, односно, како што изјави режисерот: „емотивна приказна посветена на големите актери, режисери, драматурзи и на сите професионалци зад кулисите задолжени за создавањето на сценскиот универзум во МНТ“.
Осумдесет и првиот роденден МНТ го одбележува со гостувања на театри од регионот: „Амадеус“ во режија на Александар Поповски, во изведба на Словенечко народно гледалишче (СНГ) од Марибор, монодрамата „Безгрешна“ (Immaculata), инспирирана од романот „Марииниот завет“, која е омаж за словенечкиот театарски режисер Томаж Пандур (1963 - 2016) и се реализира во продукција на СНГ Марибор и претставата на Црногорско народно позориште „Другата страна“, во режија на Борис Лиешевиќ.
МИА
Ново на Сител
-

Со само 100 денари отклучен уште еден стан во Скопје!
-

Камерите со вештачка интелигенција во Атина започнаа да регистрираат и да испраќаат казни за сообраќајни прекршоци
-

Инфантино: ФИФА ќе обезбеди најдобри можни услови за Иран на СП
-

Македонските фудбалери гостуваат во Ирска
-

Иранскиот комитет го одобри нацрт-законот за воведување патарини во Ормуската Теснина
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјата
-

Иран продолжува со ракетните напади врз земјите од Персискиот Залив
-

Оклахома го победи Детроит по продолжение, Гилџус-Александар постигна 47 поени
