Македонија
7. July 2025 - 13:51

Македонскиот професор Чапаровски станува активен член на Светската академија за неврохирургија

Професорот д-р Александар Чапаровски е избран за активен член на Светската академија на неврохирурзи (WANS) – едно од најпрестижните тела во светската неврохирургија. Тој е првиот и единствен член од Македонија кој е примен во оваа Академија.

Ова исклучително признание му е доделено врз основа на неговите професионални заслуги, академски придонеси и меѓународен углед, а изборот е потврден со мнозинство гласови од членовите на Академијата.

Со тоа, проф. Чапаровски станува дел од врвните имиња во светската неврохирургија.

Официјалната потврда и врачувањето на сертификатот  се случи на  меѓународна конференција на WANS 07.07.2025 во Цирих, Швајцарија, каде што тој ќе одржи и свое научно предавање.

Со ова членство, Чапаровски не само што ја претставува Македонија на глобалната сцена, туку и ги отвора вратите за понатамошен развој и унапредување на неврохируршките техники и технологии во регионот.