Македонија
9. September 2025 - 16:36

Македонскиот тим на прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија 2025

Македонците во прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија. Добија повик да спасат заробени лица во возила кои се наоѓаат заробени под импровизирами урнатини на тунел кај Ердан. 

28 лица пристигнаа на местото на настанот со специјални возила на ДЗС и противпожарни возила. 

Откако македонскиот тим успешно ја заврши нивната специјалност за безбедно евакуирање и извлекување на жрвите, другите тимови продолжија со акцијата. Пожарникари од Шведска со специјални одела и термални камери влегоа да ги лоцираат жртвите.

Вежбата резултираше со успешно извлекување на жртвите. 

Во меѓувреме, паралелно со оваа се спроведуваа и други мисии од НАТО вежбата.  Сител направи обиколка на терен. Хрватските нуркачи извлекуваа заробени лица кои пропаднале во бунар, турските медицински тимови спасија повреден меѓу карпи. Сите вежби се следени и оценувани од евалуатори. 

Оваа НАТО вежба е 20. по ред. Домаќин е Бугарија. Екипи од 40 држави ќе извршуваат мисии до петок. На тимовите не им се однапред познати задачите кои им се доделуваат секојдневно.

Целта е да се тестира подготвеноста на спасувачките тимови при евентуални природни катастрофи и непогоди.