Македонските државјани од Израел попладне треба да бидат евакуирани со владиниот авион, во следните денови евакуација и од останатите држави

Во попладневните часови со владиниот авион се очекува од Израел кон Скопје да полетаа македонските граѓани кои побарале евакуација. Со тоа, како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, целосно ќе заврши евакуацијата на македонските државјани од Израел.
Во останатите подрачја погодени од воениот конфликт до денес 505 македонски граѓани се обратиле до Амбасадата во Абу Даби, 31 лице во Кувајт, 14 лица во Бахреин и 141 лице во Доха.
- Во следните денови се очекува да започне реализацијата на враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт, за кои е предвидено враќање со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија. Процесот на евакуација се реализира согласно веќе разработен план, во согласност со безбедносните услови и во координација со надлежните институции, информира ресорното Министерство.
Оттаму ги викаат сите македонски државјани кои сè уште не стапиле во контакт со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а имаат потреба од асистенција, да го сторат тоа во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви во дипломатско-конзуларните претставништва или преку СОС-бројот на МНРиНТ.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
-

Швајцарија повторно ја отвора амбасадата во Техеран
-

Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници
-

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет
-

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
-

Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат чесно, совесно и стручно
-

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори, подобра инфраструктура значи силна економија
-

Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот функционираат како хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор
