Loading Video...
Фудбал
18. October 2022 - 12:00

Македонските фудбалери се подготвуваат за контролата со Саудиска Арабија

Македонската селекција составена од фудбалери, претежно од домашниот шампионат, втор ден се подготвува за контролниот натпревар против Саудиска Арабија што во сабота (22 октомври) ќе се игра во Абу Даби.
 
Селекторот Милевски на располагање ги има сите фудбалери кои се најдоа на неговиот список, исклучок Дарко Велковски, кој на тимот ќе му се во Абу Даби .
 
Еден од најискусните во овој состав, Бесарт Ибраими кој вели дека секогаш е убаво чувството кога се настапува во дресот на македонската репрезентација.  
 

Убаво е чувството повторно да се биде во дресот на репрезентацијата. Сите што сме овде треба максимално одговорно да ја сфатиме нашата задача и да се обидеме да направиме позитивен резултат против Саудиска Арабија. 

- Нѐ очекува силен предизвик. Противникот се подготвува за настап на Светското првенство и веројатно ќе бидат мотивирани за победа и зголемување на самодовребата пред почетокот на Светскиот шампионат. Наше е да го покажеме квалитетот, да ја оправдаме довербата на селекторот и да потврдиме дека и во нашата лига има фудбалери со репрезентатитевен потенцијал, изјави Ибраими. 

Саботниот натпревар против Саудиска Арабија е еден од трите контролни натпревари што нашата репрезентација ќе ги искористи во периодот што следува, а како дел од подготовките за новиот циклус европски квалификации закажан за во март месец. Имено, 17-ти и 20-ти ноември, црвено-жолтите ќе одиграат и контролни натпревари против Финска и Азербејџан.