Македонските фудбалери вечерва пред полни трибини ѝ гостуваат на БиХ

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Сараево ѝ гостува на Босна и Херцеговина, пред соочувањето со Турција, в понеделник во Истанбул, во двата контролни натпревари кои новиот селектор Гоце Седлоски ги најави како генерална подготовка за настапот во новиот циклус во Лигата на нации оваа есен.
Седлоски за двата натпревари повика 27 фудбалери, вклучувајќи петмина дебитанти (Дин Аломеровиќ, Георгије Јанкулов, Дарко Анѓелески, Дарко Додев и Азер Омерагиќ), додека капитенот Енис Барди отпадна од составот поради повреда.
„Новите фудбалери донесоа свежина во тимот, а добро беа прифатени и од останатите репрезентативци. Повикав повеќе нови играчи и сите ќе добијат шанса да се докажат. Имам неколку варијанти за замена на повредениот Барди, а конечната одлука ќе ја донесам по денешниот тренинг“, изјави Седлоски на вчерашната официјална прес-конференција.
Македонскиот селектор истакна оти е важно неговите избраници на денешниот дуел да остават позитивен впечаток.
„Сакаме да се докажеме и тимски и резултатски. Најважно е да излеземе на терен и да одиграме најдобро што можеме. Ќе дадеме максимум, а нека победи подобриот. Ние сме фокусирани на нашата игра и на тоа како ќе ги одиграме овие 90 минути, но и Босна сигурно има мотив да се покаже во добро светло пред своите навивачи“, рече Седлоски.
Во отсуство на повредениот Барди, капитенската лента ќе ја носи голманот Столе Димитриевски, кој истакна дека натпреварот со БиХ ќе биде добра подготовка за предизвиците кои им претстојат во Лигата на нации.
„Натпреварите од Лигата на нации што следуваат се најважни за нас, а Босна е селекција која по стилот многу наликува на репрезентациите што нè очекуваат во наредниот период. Новите фудбалери имаат потенцијал. Треба постепено да се вклопат во тимот, а добро беа прифатени од нас поискусните. Потребно е да продолжат да работат, да се борат и да ја заслужат шансата да играат за Македонија и во следниот циклус“, изјави Димитриевски“, рече Димитриевски на конференцијата за новинари во Сараево.
Вечерашниот натпревар ќе стартува во 20:30 часот пред полни трибини на реновираниот стадион „Асим Ферхатовиќ“, откако сите билети беа распродадени за помалку од два часа.
Ново на Сител
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
