Loading Video...
Фудбал
22. March 2022 - 17:14
Македонските фудбалери заминаа во Палермо на мегдан кај Италија
Македонските фудбалери заминаа во Палермо, каде во четврток го играат баражот против Италија преку кој ќе се брка историски резултат, односно прво учество на завршницата на Светското првенство во Катар кон крајот на годинава.
Откако утринава одработија уште еден тренинг, попладнево во чартер лет, македонските фудбалери отпатуваа за Палермо.
Во позитивна атмосфера и со видно изразена самодоверба црвено-жолтите ќе се обидат да ја минат првата пречка, фаворизираната Италија.
Со Азурите знаеме како да одиграме и тоа на гости. Имено во меѓусебниот дуел во квалификациите за ЕП, што се играше во Торино 2017-тата година, Македонија одигра нерешено против Италија 1-1.
Италијанските медиуми денеска објавија дека капацитетот на стадионот „Ренцо Барбера“ ќе биде целосно исполнет, а меѓу навивачите се очекува да има и околу 3.500 Македонци кои ќе би бодрат нашите фудбалери.
Бараж дуелот Италија – Македонија на програмата е во четврток од 20 часот и 45 минути.
Потсетување дека доколку успееме да ја минеме оваа пречка, тогаш последна за место на Мундијалот би била подобрата селекција од дуелот меѓу Португалија и Турција, против кои би играче повторно на гостински терен.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->